Измените во Изборниот законик наидоа на остра осуда од Советот на Европа во сегментот "немање слобода на говор" кај на медиумите

Објавил: Мартин Попоски | 15 август, 2018 12:11

Советот на Европа со критики до владата за загрозување на слободата на медиуми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Советот на Европа упати низа критики до владата поради последните измени на Изборниот Законик и со кои велат ќе се заузда слободата на медиумите и ќе се наруши медиумскиот пазар во Република Македонија.

“Амандманите овозможуваат мешање на власта во слободата на мислење и пренесување на информации и идеи како и мешање во нивната уредничка независност. Овие штетни измени во Изборниот законик не се во прилог на блокираните медиумски реформи и без дилема тие негативно ќе се одразат и во работата на медиумите и на севкупниот демократски амбиент во време на предизборна кампања.” – стои во соопштението објавено од Советот на Европа.

Советот на Европа е водечка организација за човековите права на континентот.

Советот има 47 држави членки од кои 28 се истовремено и членки на Европската унија.

Сите држави членки на Советот на Европа ја потпишаа Европската конвенција за човекови права која претставува меѓународен договор за заштита на човековите права демократијата и владеењето на правото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.