Советот на ЈО едногласно одлучи да ја разреши Катица Јанева

Објавил: Узунов Бобан | 29 август, 2019 11:43

Советот на ЈО едногласно одлучи да ја разреши Катица Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин

Советот на јавни ојбвинители денеска едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Канева, која е во притвор како осомнилена за случајот „Рекет“.

Претседателот на Советот на ЈО, Коле Штерјев по седицата изјави дека ќе биде изготвен извештај кој ќе биде доставен до Собранието, кое понатаму треба да ја продолжи постапката за разрешување на Јанева.

Во исто време Предлог законот за Јавно обвинителство по скратена постапка се најде пред членовите на собраниската комисија за европски прашања преку кој че се одлучува и за судбината на целото СЈО.

Се очекува комисиската расправа за овој предлог закон да трае најмногу 2 дена со оглед на тоа што се најавени околу 60 амандмани.

Се очекува расправата да трае во текот на денешниот ден и во понделник бидејќи во петок  и во сабота ќе тече седницата за изборот на нови министри. за изборот на нови министри.

По завршувањето на дебатата во понеделник, претседателот на Собранието Талат Џафери треба да одлучи кога овој закон ќе биде ставен пред пратениците на пленарна седница. За да биде усвоен предлог законот за јавно обвинителство потребно е двотретинско мнозинство кое власта според информациите до сега го нема обезбедено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести