Потпишан меморандум помеѓу оперските куќи во Скопје и Тирана

Објавил: admin@magazin | 24 мај, 2018 15:03

Соработка помеѓу МОБ и Тиранска опера

Фото/Текст извор: ©

Македонската опера и балет информира дека в.д директорот Ќазим Асотиќ оствари работна средба со директорката на Тиранската национална опера и балет, Зана Чела, и уметничкиот директор Абигаела Воштина. Двете установи потпишаа меморандум за соработка со цел да ја зацврстат улогта на МОБ како културен центар на Балканот кој успешно соработува со сите сродни куќи од соседството.

“Македонската опера и балет и Тиранската национална опера и балет веќе од септември ќе почнат со размена на уметници по што се очекува да се направат и договори за поголеми копродукциски проекти“ информираа од МОБ.

По успешниот настап на МОБ во Тирана со балетската претстава на Игор Киров “Црвената соба“, Тиранската опера требаше да гостува минатата година во рамките на Мајските оперски вечери, на покана од тогашниот директор Игор Дурловски, но раководството во Тирана одлучи да го откаже гостувањето во Скопје поради простестите и целокупната политичка криза.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.