понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Се уште телевизијата нема дополнителни информации за нејзиното појавување во СЈО, но пред влезот на Специјалното обвинителство веќе се собираат новинарски екипи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2019 11:28

Со новата фризура Катица Јанева се појави во просториите на СЈО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која на 15 јули даде неотповиклива оставка денеска се појави во просториите на СЈО, дознава телевизија Алсат.

Се уште телевизијата нема дополнителни информации за нејзиното појавување во СЈО, но пред влезот на Специјалното обвинителство веќе се собираат новинарски екипи.

Катица Јанева на 15 јули даде неотповиклива оставка

Во меѓувреме, денеска изутрина, од Јавното обвинителство информираа дека е пронајден и другиот телефон на Јанева, за кој се тврдеше дека е загубен.

Телефонот бил пронајден кај лице коешто изјавило дека му бил даден на подарок.

Инаку вчера специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше снимена додека се разубавува во фризерски салон, а видеото стана вистински хит, особено поради тоа што Јанева беше на боледување.

Снимките покажуваат како Јанева најпрво ја мие косата, а потоа се фенира.

Локацијата каде е снимена Јанева е непозната, а снимките се објавени на Фејсбук профил кај девојка која била во истиот фризерски салон. Засега не е познато ниту кога е снимено видеото. Девојката која го снимила видеото, тоа го правело скришно, за да не ја откријат.
Кај корисникот кој ги објави снимките пишува дека живее во Париз, Франција, а дека потекнува од Скопје.

Јанева користи боледување издадено од матичен лекар. Таа не се појавила на своето работно место од минатиот понеделник, кога и поднесе оставка, а истовремено, ги уапсија Боки 13 и Зоки Кичеец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.