Потврдата на судската пресуда не е само успех на медиум, туку потврда на криминалот на поранешниот градоначалник на Струмица, сегашен премиер на Македонија, Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 9:52

Со судска одлука во корист на “Република” потврден криминалот на Заев во Струмица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Второстепениот суд ја потврди пресудата на првостепениот, Основниот суд Скопје 2, и ја отфрли жалбата на тужителите Коце Ристовски и Ванѓа Ристовска како неоснована.

„Цареви кули“ е дивоградба легализирана на криминален начин со потпис на Зоран Заев, во тоа време, 2013 година, градоначалник на општина Струмица. Текстовите за оваа криминална афера објавени во неделникот „Република“ во 2016 година не се предмет на „навреда и клевета“, како што сакаше да се прикаже, туку текст поткрепен со документи, којшто ја запознава јавноста со начинот на којшто работи општината, пресекоа и судиите на Основен суд и од Апелациониот суд.

„Цареви кули“ е криминал на општината за која јавноста треба да знае

Легализацијата на „Цареви кули“, угостителско-хотелскиот комплекс над Струмица, со потпис на Зоран Заев како градоначалник, е нелегален чин. Комплексот „Цареви кули“ е граден на државно земјиште по донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кој стапи на сила на 1 март 2011 година. И Првостепениот суд и Апелацискиот суд ги одбија поднесоците дека се работи за навреда и клевета, со што судот ги потврди наводите на „Република“, пишувани во повеќе наврати во неделникот „Република“, во кои, врз основа на докази, е покажано дека се работи за класичен криминал и корупција во општина Струмица, раководена во тоа време од Зоран Заев како градоначалник, пишува Република.

Поедноставно, законот стапува на сила на 1 март 2011 година (објавен во Сл. весник бр. 23 на 24 февруари 2011 година), а резервирано е бројче за легализација на дивоградба откако законот стапил во сила. Во моментот кога законот стапува на сила, на парцелата нема никаков објект.

Иако законот се однесува на објекти целосно изградени пред 1 март 2011 година, „Цареви кули“ почнува да се гради по 1 март 2011, а врз основа резервираното бројче, објектот е легализиран со потпис на Зоран Заев во својство на градоначалник на општина Струмица, на 3 јули 2013 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.