Косовските медиуми откриваат дека Белград и Приштина веќе имаат екипи експерти кои преговараат по системот "на ти го - дај ми го"

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 8:11

Србите добиваат четири општини а Косово го добива Прешево

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Косовскиот весник “Зери” вчера објави дека група од седум српски експерти подготвила извештај според кој Косово би ја добила општината Прешево во замена за четирите општини на северот од Косово кои би требало да бидат дел од Србија.

“Србија и Косово може да постигнат договор за размена на територии со можност Прешево да стане дел од Косово без Бујановац и Медвеѓа а општините на северот [ Лепосавиќ – Звечан – Зубин Поток и Северна Митровица ] да се припојат кон Србија. Овие општини се де факто интегрирани во економскиот систем на Република Србија и ова сценарио може да се изврши без одредени општествени и етнички турбуленции.”- наведува весникот. 

Неодамна за опасноста од евентуално прекројување на границите на Балканот предупреди и поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт кој во колумна за “Вашингтон пост” новите поделби во регионот ги нарекува рецепт за геополитичка нестабилност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.