Во изминатите 24 часа, тестирани се 2.673 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот е потврден кај 324 лица, со што вкупно во Србија 6.318 лица имаат ковид-19.

Објавил: Владо Марин | 19 април, 2020 16:50

СРБИЈА: Наскоро ќе се отвораат ресторани, теретани и фризерски салони!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Србија досега има забележано 6.318 заразени лица со коронавирус, 122 починати и 753 излечени лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 122 лица, со процент на смртност во однос на заразените од 1,93 отсто, соопштија на сајтот Ковид 19.рс на српското Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 2.673 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот е потврден кај 324 лица, со што вкупно во Србија 6.318 лица имаат ковид-19, пишува Плус Инфо.

Вкупниот број тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 38.701 лица, а досега се излекувани 753 пациенти според резултатите на направени два негативни теста.

Во Ковид болниците вкупно се хоспитализирани 3.900 пациенти, од кои 120 лица се со влошена клиничка слика и ставени се на респиратор.

Во Србија денеска се слави Велигден, а црковните служби се служеа без присуство на верници, бидејќи на сила се вонредните мерки во борбтата за спречување на пандемијата со коронавирус. И покрај тоа што државниот врв не го исполни барањето на СПЦ за укинување на забраната за движење за Велигден, за да можат православните верници да присуствуваат на литургии, сепак во одделни храмови нив ги имаше.

Забраната за движење за велигденските празници ќе трае до вторник во 5 часот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа на ТВ „Пинк“ изјави дека од вторник полицискиот час ќе биде пократок, односно забраната за движење ќе важи од 18 до 5 часот и дека пензионерите ќе можат да го изберат своето време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро.

Тој кажа дека од следната недела сите занаетчиски дуќани ќе бидат отворени, а од 27 април и сите други продавници ќе бидат отворени.

Фризерските салони, салоните за убавина и спортски теретани ќе почнат со работа по 27 април, но со посебна заштита.

Планираме да ги отвориме рестораните и кафулињата помеѓу 3 и 10 мај, но со правење на оддалеченост. Меѓутоа, ако се влоши ситуацијата, ќе ги повлечеме сите мерки за ублажување и ќе се вратиме на постојните – објасни Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.