Во Србија, за шест месеци, откриени 102 фантомски фирми, 1.116 лица за сторени 1.024 кривични дела, од кои 66 се лишени од слобода

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 11:55

Србија: Откриено даночно затајување од околу 55 милиони евра, 66 лица уапсени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Даночната полиција за првите седум месеци оваа година открила 102 „фантомски“ и „пералници“ претпријатија, кои претставуваат главен извор на сивата економија, што е за дури 36 отсто повеќе од истиот период лани.

Изјави Драгана Марковиќ, директорка на Даночната управа на Србија, која истакна дека Секторот на даночната полиција од јануари до крајот на јули поднел до надлежните обвинителства кривични пријави против 1.116 лица за сторени 1.024 кривични дела, при што е избегнат данок од 6,5 милијарди динари,односно околу 55 милиони евра.

Според неа, 66 лица се уапсени.

Марковиќ додаде дека инспекторите во првите седум месеци во 2.162 контроли утврдиле неправилност во пресметувањето на јавните приходи.

Пресметани се новооткриените јавни приходи во износ од 15 милијарди динари (околу 130 милиони евра) најмногу кај ДДВ – 6,9 милијарди динари (околу 58 милиони евра), акциза – 3,5 милијарди динари (околу 30 милиони евра), даноци и придонеси со одбивка – 3 милијарди динари (околу 25 милиони евра) и данок на добивка – 1,4 милијарди динари (околу 11 милиони евра), истакна таа. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.