Српската делегација изјави соучество на неговата фамилија, која поминува низ најтешките моменти од животот, поради губењето на својот сакан сопруг, дедо и татко.

Објавил: Перо Милчин | 22 февруари, 2019 8:11

Српска делегација на чело со претседателот Вучиќ, го посети домот на Шабан Шаулиќ

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Српска висока делегација ноќеска го посети домот на Шабан Шаулиќ, кој смртно настрада во неделата наутро во Германија.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, министерот за одбрана Александар Вулин и претседателот на Република Српска Милорад Додик, ноќеска го посетија домот на Шаулиќ, да изјават поддршка на семејството, по повод трагичната несреќа на Кралот на народната музика. 

Српската делегација изјави соучество на неговата фамилија, која поминува низ најтешките моменти од животот, поради губењето на својот сакан сопруг, дедо и татко. Политичарите стигнаа во семејната куќа на настраданиот пејач, кој животот го изгуби во сообраќајна несреќа во Германија.

Српска делегација ноќеска го посети домот на Шабан Шаулиќ, кој смртно настрада во тешка сообраќајна несреќа во неделата наутро во Германија.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ важеше и за еден од големите пријатели на Шабан Шаулиќ, а тој и претходно напиша писмо, во кој изрази длабоко жалење за стравичната несреќа во која настрада познатиот пејач.

Во неделата наутро пијан возач од турско потекло, кој бил под дејство на алкохол се удри во колата во која беа сместени Шаулиќ, неговиот кум и возачот Мирасад Кериќ, кој за жал и тој им подлегна на повредите поради тешките последици од несреќата.

Шабан Шаулиќ беше роден 6 септември 1951 во Шабац. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“. 
Шаулиќ загина на 17 февруари 2019 во сообраќајна несреќа враќајќи се од концерт во Билефелд во Германија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.