Македонската влада негира, но српските медиуми имаат цврсти извори од кабинетот на Заев дека Јовановиќ кој важи за српски олигарх наскоро ќе се смести на "Илинденска" број 2

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 13:49

Српскиот “олигарх” Јовановиќ, иден советник на Заев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Човекот кој режимот на Милошевиќ и Вучиќ “го оштети” до таа мера да сега во опозиција без пратеничко мести има повеќе пари и имот отколку кога беше на власт, во план е да биде иден советник на премиерот Заев.

Имено претседателот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ не е советник во Владата на Република Македонија и не е предвидено такво место во Владата, од Владата иако во Србија владее друго мислење од сосема други извори.

Јовановиќ се смета за идолопоклоник на парите, ги има многу и никој не знае како ги заработува. Има фирми на Кипар, има свои летувалишта и острови во Грција, низ Белград се движи со свое обезбедување кое го придружува и во теретана.

Македонската јавност која не ја познава српската политичка сцена, за Јовановиќ знае само дека е остар противник на актуелниот претседател на Србија и претседател на СНС, партијата која е на власт.

И додеа владата негира, српските медиуми од информации од македонската влада објавија неофицијална информација во која се тврди дека претседателот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ добил понуда од македонскиот премиер Зоран Заев функција на советник во својата влада.

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува дека на Јовановиќ му било понудено местото советник за регионални односи и европска интеграција.

Според информацијата Јовановиќ пак му понудил на Заев создавање на регионална коалиција за мир во која покрај Србија и Македонија би влегле и претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора и „која би ја терала европската приказна и договорот на Белград со Албанците“.

Очигледно српските и македонските медиуми немаат идентичен извор на информации, но времето ќе покаже дали Јовановиќ ќе се смести на “Илинденска” број 2 и за која сума?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.