Информацијата кратко потврдена од српското министерство за одбрана

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 10:28

Српски воени авиони и хеликоптери од денес до петок ќе ја надлетуваат јужната граница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кратко и без појаснување министерството за одбрана само ја потврди информацијата дека од денес до петок авијацијата на армијата на Република Србија ќе прави авионски и хеликоптерски прелети по должината на јужната граница на државата.

Од министерството одбија по втор пат да потврдат или негираат на кое ниво е подигнат степенот на борбена готовност на армијата на Србија.

На северната граница на Косово по ова зголемен е протокот на возила на КФОР од единиците на САД кои тврдат дека тука се во рутински контроли.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.