Како што извести екипата на ТВ 24, пожарот успеал да зафати дел од објектите од селото Мачево, но неговиот налет бил прекинат.

Објавил: Владо Марин | 6 август, 2021 20:09

Станува опасно во Беровско, огнот се доближува до Мачево

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

Пожарникарите и доброволците со крајни напори се обидуваат да го стават под контрола пожарот во пехчевско-беровскиот крај.

Како што извести екипата на ТВ 24, пожарот успеал да зафати дел од објектите од селото Мачево, но неговиот налет бил прекинат.

Пожарот го гасеа и три хеликоптери кои како наближува ноќта ќе мора да се повлечат.

Градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски, пак, за Телма изјави дека се уште не побарал евакуација на жителите на двете села.

Но, како што порача тој, таква можност не се исклучува, зависно од развојот на настаните.

И од Центарот за управување со кризи посочија дека овие пожари се најкритични, а постои опасност да се прошират и преку границата со Бугарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.