Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин, премиерски кабинет

Објавил: Перо Милчин | 31 мај, 2019 20:39

Стоилковски: Советникот на Заев до вчера беше водител на „ФолкФест“ во Валандово!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Советникот на Зоран Заев кој зема 40.000 денари од граѓаните, од Буџетот на Република Македонија вчера го гледавме како водеше „ФолкФест“ во Валандово, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. 

Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин, премиерски кабинет, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој вели дека секогаш кога СДСМ се дограбува до власта Република Македонија ја тресат афера со влечење на пари од буџетот на сметка на развојот на стандардот за граѓаните. Секогаш кога СДСМ ќе се дограби до власт, парите на граѓаните завршуваат во џебови на партиски советници и на партиски апологети. 

Стоилковски прашува: „Што работат овие советници, коишто државата ја чинат комплетно околу половина милион евра годишно? Што ли советуваат, што ли му советуваат на Зоран Заев ако државата и граѓаните тонат во долгови, а се повторуваат меѓународните критики?“.

 Во оваа прилика би потсетиле за ангажманот на командант Хоџа од црната листа на САД, невладин советник односно на советничката листа на Зоран Заев, потоа советникот Силвио Аврамовски за кој што споредни извесни укажувања има криминално досие заради пукање во полицаец што никогаш не беше демантирано со факти, потоа за советници се поставени деца на блиски на Заев, роднини на функционери на СДСМ, партиски активисти, редовни апологети на власта низ медиумите во државата и надвор.

Зоран Заев за две години набилда советничка листа чиишто состав претставуваат срам што ги надминува границите на Република Македонија. Додека земјата тоне во сиромаштија со економски параметри, меѓународни оценети со 0, Заев ангажира советници, посебни советници, надворешни советници за кои државата одвојува повеќе од половина милион евра годишно, вели Стоилковски.

Тука секако се и ангажирани новинари и медиумски работници- како „ФолкФест“ водителот Ѓорги Калајџиев, или новинарот од 24 вести, којшто се уште се медиумски активни додека се советници во Кабинетот на Зоран Заев.

Советничката листа на Зоран Заев ги надминува границите на Република Македонија како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, за кого српскиот претседател го посочи како човек протеран од таму и човек кој како рече крадел гаќи по трговски центри. Тие сега се економски советници и добиваат 1500 односно 1200 евра месечно од Буџетот на Република Македонија. СДСМ се колнеше во мал владин кабинет кој што немало да има потреба од советници – се колнеа дека ќе ги намалат бројот на министерства на најмногу 20, така велеше Радмила Шекеринска. Сега само таа како министер има повеќе од 16 советници меѓу кои и двајца новинари ангажирани за високи плати, посочува портпаролот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.