Според грчки Катимерини е наведено во писмо од Столтенберг порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес за договорот помеѓу Грција и Република Македонија.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2019 16:09

Столтенберг : “До 15 февруари Скопје и Атина мора да завршат со Преспанскиот договор”

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа.

Ратификацијата на Преспанскиот договор, почнува следната среда за кога е закажана собраниската седница со четири точки на дневен ред.

Според грчки Катимерини е наведено во писмо од Столтенберг порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес за договорот помеѓу Грција и Република Македонија.

Се забрзува процедурата и во Атина. Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за Њуз247 го потврди ставот дека во парламентот постои мнозинство за ратификација на Договорот. Целта на Владата, но и парламентарните корелации онака како што се формирани во овој момент покажуваат дека Договорот од Преспа ќе се ратификува со над 151 глас, како што е и потребно. Со оглед дека на СИРИЗА и недостигаат шест гласа за потребното мнозинство Ѕанакопулос открива дека се надеваат на гласовите од партијата РЕКА на Теодоракис.

„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“. – стои во текстот на „Катемирини“.

Според  најавите на опозициската ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во последната фаза од уставните измени. Очекувањата од аналитичарите се дека без опструкции и одолговлекување ќе бидат усвоени измените за кои двотретинското мнозинство веќе е обезбедено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.