Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин прво најави дека нема да поднесе оставка, па го стопираше градењето во близина на "Мајчин дом" иако тврдеше дека тој нема правна моќ

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 13:56

Стопирана изградбата на објектот кај “Мајчин дом”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По протестите против изградба на објект во непосредна близина на “Мајчин дом” во скопската општина Аеродром, кои на момент ескалираа од нервозните граѓани, градоначалникот Марин сепак имал ингеренции да го стопира грањењето.

Имено градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, издаде решение за стопирање на изградба на објект кај “Мајчин дом”.

Тој рече дека за петок е закажана вонредна седница на која треба да се најде заедничко решение за овој проблем. Забраната е донесена поради неправилности на градилиштето и трае 15 дена, но доколку не се отстранат неправилностите ќе биде продолжена.

Исто така, Марин рече дека го поддржува протестот на граѓаните против изградбата на висококатница на ова место.

Граѓаните се во право. Целосно ја поддржувам нивната борба и сум на нивна страна. – рече Марин.

Тој додаде дека имал средба со инвестирото и го информирал за забраната. Сега, додаде градоначалникот, треба да најдеме решение низ дискусија со сите засегнати страни за трајно да се заштити плацот пред “Мајчин дом”.

Во петок вонредна седница на Советот на Општина Аeродром за сите засегнати страни да дојдат да најдеме заедничко решение.

Марин не посочи дали инвеститор е Орце (Јордан) Камчев, сопственик на Клиничката болница Аџибадем Систина, каде неговата сопруга Јана Марин е директор.

Марин шеф на општината, која сака да ја забрани инвестиција на шефот на неговата сопруга?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.