На почеток од расправата, судијата Добрила Кацарска рече дека имајќи предвид оти изминал рокот од три дена за преместување на предметите, и објавеното соопштение на Обвинителот Љубомир Јовески за преземање на предметите од СЈО, оневозможена е работата на судскиот совет.

Објавил: Весна Петровска | 10 септември, 2019 19:19

„Судството е заробено, не може да се судат предметите на СЈО“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Одлуката за преземање на предметите од СЈО, го одложи судењето за Транспортер, информира Сител.

На почеток од расправата, судијата Добрила Кацарска рече дека имајќи предвид оти изминал рокот од три дена за преместување на предметите, и објавеното соопштение на Обвинителот Љубомир Јовески за преземање на предметите од СЈО, оневозможена е работата на судскиот совет.

– Се надевам дека во следните денови, целата оваа ситуација ќе се разреши. Со одлуката за преземање на предметите, целото судство е заробено и не може да се судат предметите на СЈО. Не можеме да ги водиме судењата бидејќи може да се направи повреда на постапката. – истакна судијката Добрила Кацарска.

 

Јовески за Сител: Судбината на предметите зависна и од донесувањето на законот за ЈО

Таа додаде дека во изминатиот период, судиите кои ги водат предметите од СЈО биле доведени во ситуација сами да одлучуваат како ќе постапат откако специјалната обвинителка Катица Јанева заврши во притвор а потоа побара и преземање на предметите од Јавното обвинителство.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека обвинителството се подготвува за преземање на предметите, но како таа постапка ќе се спроведе зависи и од донесувањето на законот за јавно обвинителство.

-Обвинителството се подготвува за преземање на предметите, но до колку се донесе Законот за јавното обвинителство, ке се постапи по одредбите со кои тие прашања се регулираат, вели за Сител Обвинителот Љубомир Јовески.

Попладнево од Државното обвинителство за Сител информираат дека до СЈО го испратиле дописот за превземање на предметите.
Ваква одлука донесе Обвинителството од крајот на минатата работна недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести