Супертајфунот Мангкут, во Филипини остави 64 жртви, а во руралните делови живи закопани во окно остави 40 рудари, помина низ Хонг Конг а се упати кон Кина

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 6:37

Супертајфунот Мангкут однесе 64 животи на Филипините

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако однесе 64 животи на Филипините, супертајфунот Мангкут помина покрај регионот на Хонг Конг со 189 километри на час и откако доби сила над Јужно Кинеско Море, патува кон Кина.

На Филипините се стравува дека најмалку 40 рудари се затрупани од свлечиште во рудник за злато. Има и уште загинати во лизгања на земјиштето во недостапните рурални делови.

Наредно, се очекува Мангкут да ја погоди јужната кинеска покраина Гвандонг, каде што се евакуирани околу половина милион луѓе од седум градови и регионот Макао, каде што за првпат се затворени познатите казина.

Во Хонгконг изутрината невремето корнеше дрвја и ги нишаше облакодерите, кршејќи прозорци. Нивото на морето пораснало за 3.5 метри, а на некои места брановите исфрлале живи риби на патот.

На меѓународните аеродроми заглавени останаа десетици илјади патници. Метеоролозите прогнозираат дека во иднина невремињата ќе бидат се поинтензивни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.