Непријатна миризба и вода насекаде. Ова е првичната слика која се добива при влез во зградата со број 23 на улицата „Народни херои“ во скопска Кисела Вода, каде во понеделникот избувна голем пожар на 5-тиот кат.

Објавил: Весна Петровска | 12 јуни, 2019 14:52

Тажна е сликата по пожарот во Кисела Вода – пламените јазици остави ужас – сите спомени уништени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тажна е сликата во домовите во скопската населба Кисела Вода кои пред два дена беснееше пожар во станбената зграда.

Екипата на Курир беше на лице место, и преку фотографија го долови ужасот кој пожарот го направи.

Непријатна миризба и вода насекаде. Ова е првичната слика која се добива при влез во зградата со број 23 на улицата „Народни херои“ во скопска Кисела Вода, каде во понеделникот избувна голем пожар на 5-тиот кат.

Глетката станува се пострашна со качување по скалите кон погорните катови. Во пожарот целосно изгорени беа три стана, а уништетни и оштетени се повеќе станови од чад и вода. И по два дена станарите од првиот влез на оваа зграда чекаат конкретна помош од надлежните институци.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, кој беше присутен за време на пожарот што избувна во стан во зграда спроти спортската сала „Расадник“ изјави дека Општината има посебен фонд за вакви несреќни ситуации и дека граѓаните, доколку аплицираат, ќе добијат финансиска помош.

„Општината има фондови за вакви несреќни ситуации. Ќе ги чекаме извештаите од МВР и пожарникарите и со тие извештаи граѓаните ќе аплицираат за финансиска помош од Општината. Сакам да им се заблагодарам за храброста што пожарникарите ја покажаа денеска“, рече Темелковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...