Како знаело осумгодишно дете да се хави на 112

Објавил: admin@magazin | 3 септември, 2023 9:53

Драматично спасување во Кавадарци: Чичко помогни ми, татко ми не диши, а мене се ме боли!

Фото/Текст извор: ©Фокус

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Дреново – Кавадарци, кога возило во кое се превезувале татко и син излетало од патот и паднало во бездна длабока 22 метри.

Иако тешко повредено и пригмечено, осум-годишното дете успеало да се јави на 112, телефонскиот број за итни случаи, и да побара помош, додека неговиот татко бил во кома.  Во постојана телефонска комуникација со пожарникарите кои се упатиле да го лоцираат возилото, но и со градоначалникот Митко Јанчев, кој веднаш штом слушнал за настанот тргнал со нив, по исцрпна потрага, возилото било забележано.

Многу трауматична ситуација, а храброста на повреденото дете, но и неговата реакција беше клучна да се спасат нивните животи. Детето кое има само осум години се возело на задното седиште. Од ударот, кога автомобилот паднал во бездната, тоа паднало и се заглавило под неговиот татко. Успеало да го земе телефонот и веднаш се јавило на 112. Помогнете ми, татко ми не диши, јас ништо не гледам освен прашина, се ме боли и не знам каде сме, им кажало на телефонските оператори. По долги разговори, прашања каде оделе, на кој дел се наоѓаат, и неговите смирени одговори, ја забележавме колата. Страшни глетки! Благодарение на професионалноста на нашите пожарникари кои се спуштија во бездната, автомобилот беше исечен и детето, а и таткото беа извадени надвор – за ,,Фокус” појаснува градоначалникот.

Вели дека во тие моменти, додека го барале возилото, на сите вклучени во акцијата низ главата им минувале мисли дали ќе стигнат на време, дали ќе ги спасат, што ако не можат да го лоцираат возилото и биде прекасно за детето, но и за таткото.

Како што дознаваме, повредените првин биле траспортирани во кавадаречката болница, а потоа препратени на скопските клиники. Детето имало скршеници и набиеници, а таткото бил во кома со тешка повреда на главата и со скршеница на рбетот. Околу тоа како осум-годишно дете во тие моменти знаело каде да се јави и да побара помош, дознаваме дека тоа и во минатото во повеќе наврати барало помош на 112, бидејќи станувало збор за нефункционално семејство, каде таткото бил алкохоличар и често вршел семејно насилство врз мајката.

И вечерва, неофицијално, тој бил под дејство на алкохол додека управувал со возилото. Градоначалникот Јанчев најави средба со социјалните служби по повод настанот, со цел да се утврди фактичката состојба и да се изнајде најповолно решение за детето – херој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...

Како како што информираат од МВР за МИА, изутринава во 7:40 часот било пријавено во СВР Скопје дека се случила сообраќајната несреќа меѓу две возила, „Цитроен саксо“ со скопски регистарски ознаки и „Форд“ со скопски регистарски ознаки.

Тешка сообраќајна несреќа кај Драчево: Двајца повредени, интервенирала и противпожарна екипа

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила изутринава на крстосницата...