Во автомобилот заедно со Шабан, биле и музичарот Мирсад Кериќ кој го загуби својот живот заедно со него, а кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ е единствен кој ја преживеа таа кобна несреќа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 февруари, 2020 10:36

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА ШАБАН: Кумот кој единствен ја преживеа несреќата не може да се помири дека го изгубил својот пријател

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска навршува точно една година од смртта на кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ.Тој го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа на 17 февруари кога се враќаше од настап во Германија.

Во автомобилот заедно со Шабан, биле и музичарот Мирсад Кериќ кој го загуби својот живот заедно со него, а кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ е единствен кој ја преживеа таа кобна несреќа.

Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Во изјава за ало.рс Стојадиновиќ реши конечно да прозбори зошто не се појави на погребот на Шабан, и зошто до денес  не бил на горбот на пејачот.

„Семејството на Шабан ми се јави и ми кажа дека ќе одбележи една година од неговата смрт, но јас не можев да дојдам во Србија. Немав сила да дојдам на неговиот гроб и да му запалам свеќа. Шабан беше мојот најдобар пријател и кум, а освен другарството, не поврзуваше и тоа што му бев личен возач“ вели Слободан.

Тој во интервјуто вели дека со пејачот поминувал повеќе време отколку што тој бил аедно со неговата сопруга Гордана. 

„Се сеќавам дека Гоца ми кажа нешто што ме израдува и натажи во исто време. Ми кажа: „Се чувствувам како да го видов мојот Шабан“. Ние бевме многу блиски, бевме неразделни. Или бевме заедно на турнеја, или тој беше во Крчедин, а јас го посетував. Повеќе време поминуаше со мене отколку со Гоца“, додава кумот на легендата.

Кумот на кралот на фолк музиката, Слободан ни по една година од неговата смрт вели дека не може да се помири со фактот дека го изгубил својот најдобар пријател.

„Ми рекоа дека времето си го прави своето, дека лекува се, како тагата така и физичката болка, но тоа не е точно. Болките ме потсетуваат на страшната несреќа и не можам да заборавам. Два пати неделно одам кај псхијатар, тој ми помага, но не сум изелечен“ вели Стојадиновиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.