Алијанса за Албанците им дише зад врат на ДУИ

Објавил: Узунов Бобан | 26 март, 2019 7:56

Таравари силно ги удира ДУИ, ДУИ атакуваат врз независноста на монетарната власт ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во синоќешната емисија на „Клик Плус“ на ТВ21 го испровоцира опонентот од ДУИ, Артан Груби, дека половина од партиските членови на владиниот коалиционен партнер нема да гласаат за Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори, туку за Блерим Река. 

На истата емисија, пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби, истакна дека поддршката за ДУИ ќе им донесе гувернер на Народна Банка Албанец. 

Претоходно Арбен Таравари како гостин во Алсат изјави дека дека во вториот круг од претседателските избори ќе учествуваат Река и Гордана Силјановска Давкова.

Река има поддршка од опозициските албански партии Алијансата за Албанците и Беса, додека ДУИ се договори со СДСМ заедно да го поддржат Пендаровски.

Инаку Груби, за поддршката на ДУИ за Пендаровски, рече дека во 2014 година тој бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира и неговата партија.

Инаку Таравари самиот призна во емисијата дека на претходните избори гласал за Пендаровски во вториот круг во 2014-та.

Прашањето е на какви принципи го договориле Стево Пендаровски за заеднички кандидат СДСМ и ДУИ, кога најголемата албанска партија признава дека поддршката за “консензуланиот кандидат” ја условиле со добивање на функции

Дополнително, ваквата најава на ДУИ дека ќе земе гувернер Албanec на чело  на Народната банка е директен упад врз независноста на оваа институција дотолку повеќе што актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска има мандат до 2027 година.  

Народната банка е независна при постигнувањето на целите и задачите и е одговорна под услови и на начин утврден со овој закон, и досега ниту една власт не посегнала да ја контролира оваа институција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.