Очекувано, претседателот на Косово, Хашим Тачи, и покрај противењето на премиерот и опозицијата, во ОН ќе говори и за можниот договор за размена на територии со Србија

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 9:43

Тачи: Време е со Србија да постигнеме мировен договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Косово Хашим Тачи, во Њујорк изјави дека е време да се постигне мировен договор со Србија.

Тачи истакна дека со таков договор ќе се отвори евроатланската перспектива за Косово и Србија, додавајќи дека истиот не подразбира поделба или размена на територии.

Претседателот на Косово рече дека за ова прашање ќе стане збор и на состаноците со светските лидери, учесници на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Посетата на САД, Тачи ја оцени како важна за зајакнување на позицијата на Косово на меѓународната сцена и членство во меѓународните организации, посебно во Интерпол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.