Од Алфа додаваат дека во изминатите две години вработиле триесетина луѓе.

Објавил: admin@magazin | 25 декември, 2021 18:05

ТВ АЛФА: 6 РАБОТНИЦИ МОРА ДА ЗАМИНАТ СОГЛАСНО СО НОВАТА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин

Од тв Алфа велат дека станува збор за редовна реорганизација во фирмата.

Според нив заминувањето на 6 те работници е согласно ситематизацијата, со адекватна програма за исплата на сите потребни отпремнини согласно законот и годините на работен стаж кои достигнуваат и до две и половина просечно исплатени плати на секој вработен, со отказни рокови од 30 денови согласно законот, со право на користење на годишни одмори, исплата на к15 и други надоместоци пропишани со законот.

Од Алфа додаваат дека во изминатите две години вработиле триесетина луѓе.

Алфа ТВ е приватна национална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на трети јуни 2008 година во Скопје и во посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од Јуни 2013 Алфа стана национален телевизиски канал. Програмата може да се следи и преку македонските интернет телевизии , како и на официјалниот веб портал на Телевизија Алфа.

Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно 137 луѓе.

Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии во регионот.

Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Базирана е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови.

Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери. Во техничкиот оддел на Алфа телевизија работат 11 монтажери, 12 сниматели, 6 режисери, 6 реализатори, 8 видео миксери и 8 тон мајстори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.