Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 8 до 17, а највисоката температура ке достигне од 21 до 33 степени. УВ=6.

Објавил: Весна Петровска | 4 септември, 2019 9:37

ТЕМПЕРАТУРИ ДО 33 СТЕПЕНИ: Од петок ДРАСТИЧЕН пад на температурите

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, повремено ќе се зсилува и ќе предизвика намалување на дневните температури.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 8 до 17, а највисоката температура ке достигне од 21 до 33 степени. УВ=6.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, повремено ќе се засилува. Температурата ќе достигне до 28 степени.

Од петок во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.