Градоначалничката на Тетотово и потпретседателка на ДУИ, традиционално го бојкотира Денот на независноста на Македонија кој за тетовчани е тема за која не се зборува

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 7:52

Теута во Тетово не го одбележа Денот на независноста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само истакнатите знамиња по тетовските улици покажаа дека вчера беше Денот на независноста 8-ми септември.

Во градот никој не организираше пригодно одбележување на празникот. Општина Тетово и годинава го игнорираше овој датум.

Единствено претставници на општинските ограноци на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ по повод празникот положија букети цвеќиња пред Споменикот на револуцијата . Тоа го направија во различни часови, првите во 9, вторите во 10.30 часот.

Денес сме горди граѓани кои слават историски момент на оваа држава. Следен чекор е да ја прифатиме историска шанса за влез во во двете најголеми светски семејства ЕУ и НАТО – истакна Мелиса Ценоска од СДСМ.

Минатата година членовите на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ заедно положуваа цвеќе во знак на одбележување на празникот.

Денеска е денот за кој многу генереции пред нас ги дадоа своите животи, а исто така ни го оставија аманетот да ја зачуваме Република Македонија. И годинава изостана организација на прослава од страна на градоначалникот Теута Арифи со што се испраќа една многу лоша порака кон граѓаните – истакна Александар Велјаноски од ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.