Повредениот веднаш бил пренесен на Клиника

Објавил: admin@magazin | 15 август, 2018 13:17

Тешка сообраќајна несреќа во битолско, повредено едно лице

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На 14.08.2018 година околу 06.30 часот на крстосницата од патот Новаци-с.Ношпал и патот за с.Будаково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 33 годишно лице од с.Бучин, крушевско и патничко возило „Шевролет Спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 69 годишно лице од с.Будаково, општина Могила.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на шевролетот. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола и по укажаната помош бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.