Во автомобилот голф имало две лица, едно машко и едно женско, кои при судирот се повредени и се хоспитализирани во тетовската Клиничка болница.

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 9:29

Тешка сообраќајна несреќа на влезот од Тетово- загина 50 годишна жена !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вчера во тешка сообраќајна несреќа на влезот на Тетово во правец на Скопје, загина жена на околу 50-тина години.

Како што јавуваат од СВР Тетово жената била сопатничка во автомобил марка „мерцедес”, а до тешката несреќа дошло поради судир со друго возило марка „голф”.
Несреќата се случила во близина на кружниот тек при влезот во Тетово, при што мерцедесот откако се судрил со голфот продолжил со неконтролирано движење и удрил во бандера.

Во автомобилот голф имало две лица, едно машко и едно женско, кои при судирот се повредени и се хоспитализирани во тетовската Клиничка болница.

Двата автомобили биле со тетовски регистерски таблици.

Исто така пред неколку денови во судар на две возила на наплатна рампа на автопатот Тетово – Гостивар загина 51-годишна жена од Кичево. На самата наплатна станица што е во близина на Тетово помеѓу две кабини се случи тешката сообраќајната несреќа со две возила. „Мерцедес” со охридски таблички управуван од 51-годишна жена жителка на Кичево и „фолксваген туарег” со дебарски таблици кој беше управуван од 37-годишен жител на градот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...