Поради сериозноста на повредите мотоциклистот беше пренњсен на Клиниките во Скопје

Објавил: admin@magazin | 15 август, 2018 13:06

Тешко повреден мотоциклист

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мотоциклист бил тешко повреден откако изгубил контрола над моторот што го управувал и излетал од патот, вчера на патот Градско – Прилеп.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 10.30 часот. М.Б. (26) од селото Новаци, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, изгубил контрола и излетал од патот.

По несреќата тој бил пренесен во прилепската болница каде му биле констатирани тешки повреди. Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.