Тодоров пишува дека министерот, Комисијата за заразни болести и сите надлежни лекари и експерти одлично се борат со епидемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2020 15:25

ТОДОРОВ СО ПОФАЛБИ ДО ФИЛИПЧЕ: Одлично се бори со епидемијата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во екот на епидемијата на Коронавирус, кога во нашата држава бројот на заразени лица достигна до 35, се огласи и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Во својата колумна за  „Дојче веле“ Тодоров упати неколку пофалби до сегашниот министер за здравство Венко Филипче, што значи дека во периодот кога е ваква тешка состојба, тој заборави на суетата и го поддржа својот колега.

Тодоров пишува дека министерот, Комисијата за заразни болести и сите надлежни лекари и експерти одлично се борат со епидемијата.

– Дозволете ми, ослободувајќи се од таа министерска суета, како поранешен вицепремиер и министер за здравство да истакнам дека и актуелниот министер за здравство Д-р Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, во која членуваат многу искусни наши доктори и експерти, но и сите останати здравствени работници и соработници одлично се борат со Ковид-19. Сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам на сите овие луѓе кои во добар дел и одлично, лично ги познавам, за целата организација, за смиреноста и мудроста со која ги носат и спроведуваат одлуките. Добро е што ниту избрзуваат, ниту доцнат со одлуките, туку носат навремени и исправни решенија – пишува Тодоров.

Поранешниот министер за здравство упати и апел до новинарите, експертите и граѓаните во овој тежок момент да не го напаѓаат министерот Филипче.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.