Македонскиот актер повика на борба за одбрана на Македонија

Објавил: admin@magazin | 18 јуни, 2018 1:36

Тони Михајловски: Адаптоидите се обединети во нивната борба

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Познатиот македонски актер и член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ го повика народот на борба за зачувување и одбрана на Македонија, која неофицијално започнала.

 

Едно е јасно како бел ден. Вака не се води држава, вака не се бранат стекнатите права ,и ова што го имаме ние не е премиер. Ова е АДАПТОИД. Се претвора во она што ќе го допре. Се претвора во Грк, во Бугарин Тој нема образ, нема лице, нема свој јазик, нема карактер, нема ништо свое. Нема минато, а ако немаш минато, тогаш не знаеш кој си и од каде доаѓаш. Ако не знаеш од каде доаѓаш и кој си, како би знаел кај одиш и што сакаш да бидеш.
Борбата за зачувување и одбрана на Македонија од вчера неофицијално почна. И да не се залажуваме, само Адаптоидите се обединети во нивната борба. А тие се од другата страна. Тие, поголемиот дел од 400 и кусур иљади молчат. Командантите, сите до еден, го оправдуваат водачот. Слободоумните и напредните се потсмеваат. Бранат.
Останатите, оние кои сакаме да сме Македонци како и до сега, сме поделени, сомничави па дури и закрвени меѓу себе. Ако веќе не сакаме заедно, тогаш секој со своја “чета” или сам, треба да спротивстави. Не мора да се обединиме. Доволно е да не се напаѓаме. Имаме заеднички непријател и кон него треба да ја насочиме борбата. Каква и да е и на кое поле, а гледаме дека нема поле на кое не е отворена дрска и перверзна борба за бришење и поништување. За откажување од стекнатото и непостоење. За почнување од почеток. Се од почеток. Држава, Народ, Име, Наука, Уметност, Историја, Религија, и буквално се друго треба да почне од нив, од Адаптоидната раса.
Тие тоа веќе и не го кријат, а од нас зависи дали ќе им дозволиме. Од сите нас кои не се согласуваме со оваа апокалиптична политика на адаптоидот.
Ама за тоа треба најмалку 500 000 граѓани на Република Македонија да излезат на улица без никој да ги вика. 1 000 000 треба да излеземе во оваа одбрана од последиците на последната револуција. Секој со својата “чета” или сам. Не само во Скопје. Во цела Македонија. Така зборува народот. Така кажува дека тој е Премиер и Претседател, најсилното министерство и преговарачки тим за се во врска со Македонија и нејзиниот народ. И тоа никој не може да му го организира на народот додека тој не одлучи да го направи тоа. Да ја одбраниме сега Македонија и крваво стекнатите права, а потоа да одлучуваме кому ќе му ја даваме во иднина довербата за нејзино водење. Оти ако премногу си загледан во иднината, сегашноста има огромни шанси да ти биде едно големо, смрдливо с*ање“ – вели Тони Михајловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.