Додека граѓаните едвај се снаоѓаат, блиски роднини на функционерите секојдневно добиваат државни привилегии

Објавил: Данаил Михајловски | 23 ноември, 2018 11:59

Топ-10 непотизми на власта

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Дигањето на прашина околу аферата со бегството на Груевски, како и сомнителните пазарења со некои пратеници во Собранието за уставните измени, некако ги покриваат реалните теми кои ги засегаат граѓаните.

Една таква тема е непотизмот на власта, изразен преку вработување на блиски роднини на владини функционери во државни институции или давање на други повластици од државата на своите најблиски. Конкуренцијата кај владеачката гарнитура е голема, но Магазин, благодарение на дојави од читателите, се обиде да направи една кратка топ-10 листа на непотизам:

  1. Вице Заев – брат на премиерот Зоран Заев, чие име се поврзува со компанијата “СВ Инвест“ која, што на јавни огласи, што во четири очи, добива милонски тендери од РЕК Битола за превоз на јаглен и за чистење на рудниците.
  2. Никола Димитров – министерот, на својата ќерка Јана, И обезбеди 40.000 евра стипендија од владата во која членува, за студии во Холандија, плус тошоци за сместување, иако Димитров е сопственик на комфорен стан од 132м2 во Хаг.
  3. Александар Кирацовски – пратеникот и генерален секретар на СДСМ си ја вработи својата сестра Мирјана Јосифовска (моминско Кирацовска) во Централниот регистар во Битола, за плата од 36.000 денари.
  4. Костадин Костадинов – пратеник и портпарол на СДСМ, си ја вработи својата мајка Фанија Костадинова, во Централниот регистар во Струмица, со средно образование, за плата од 25.000 денари, и изјави дека неговата мајка се вработила затоа што била професионалец.
  5. Цветанка Ласкова– советник во кабинетот на Заев и претседателка на жените на СДСМ, преку својата позиција издејствувала фирмата на нејзината снаа и син, “Декодикс“, да добие грант од 330.000 евра од Фондот за иновации.
  6. Радмила Шеќеринска – министерка за одбрана, на темата непотизам се збори за нејзиниот братучед Никола Наумоски, кој откако СДСМ дојде на власт се вработи како шеф на кабинет на градоначалникот Шилегов, со месечни примања од 38.000 денари 
  7. Рената Дескоска – министерка за правда, чиј зет за сестра, Николче Тасески, во сомнителна процедура за фалсифукувани потписи од владиниот генерален секретар, стана директор на државната воздухопловна агенција М-НАВ, со месечни примања од 95.000 денари
  8. Талат Џафери – собраниски спикер чија ќерка Бесиана (заедно со синот на Мирослав Грчев) по кратка постапка се вработи во државната компанија ЕЛЕМ, за чудо како правник, а со средно образование.
  9. Тања и Игор Милев – сопругот како активен член на СДСМ и близок соработник на Заев, беше член на Државната изборна комисија, а во тој момент неговата сопруга, иако не ги исполнуваше нормите за највисоки оценки според законот, сепак беше избрана за судија во Апелацискиот суд во Скопје. Игор Милев сега е дел од раководството на Царинската Управа. 
  10. Наташа Петровска – градоначалничка на Битола, која распиша оглас во ОУ Елпида Караманди на кој како наставник по математика се вработи нејзиниот роден брат. Градоначалничката изјави дека нејзиниот брат бил единствен кандидат.

Магазин се заблагодарува на доставените податоци од читателите, од кои издвоивме само десет.

Во следните написи ќе продолжиме да пишуваме на оваа тема, а сите добронамерни читатели кои сакаат да придонесат за поголема транспарентност на власта и можниот непотизам, ги замолуваме, доколку располагаат со веродостојни податоци, да ни пишат на нашата email адреса: kontakt@magazin.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.