Eден полицаец загина, а друг со тешки повреди е пренесен на клиника дознава

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 април, 2019 10:11

Трагедија во Куманово: Еден полицаец загина а друг со тешки повреди се бори за живот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО:Кумановски Муабет

Вистински хорор се случувал вчера во Куманово, еден полицаец загина на местото на настанот, а друг со тешки повреди е пренесен на клиника дознава КУРИР.

Несреќата се случила вчера, 45 минути по полноќ, на регионален пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосница со населба Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во 37-годишен полицаец  В.Ц. и А.М.  кој е 25-годишен кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дознава КУРИР.

Како што пишува Курир, возачот С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).

Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.