Две лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот од Визбегово кон населбата Шуто Оризари.
Од полицијата информираат дека С.Ш. (48) управувајќи работна машина за сечење дрва, удрил во патничко моторно возило „Опел вектра“ со скопски регистерски таблици управувано од М.Д. (57), при што работната машина се превртела.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш. и неговиот сопатник Е.Ѓ. (58) и двајцата со возило на итната медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Е.Ѓ. набргу по пристигнувањето на клиниките починал, додека пак С.Ш. им подлегнал на повредите неколку часа подоцна, информираат од МВР.
Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје извршиле увид на местото на настанот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.