Ален и Медина се вериле претходната година, а за август била закажана голема свадба во Препој.

Објавил: admin@magazin | 2 април, 2019 21:16

ТРАГЕДИЈА: Планирале свадба а загинаа во тешка сообраќајка во Германија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Верениците Ален Кучевиќ (24) од Препој и Медина Бјелак (22) од Белград, настрадаа во неделата попладне во тешка сообраќајна несреќа, кога на нив налета полициско комбе.

Ален и Медина се вериле претходната година, а за август била закажана голема свадба во Препој. Несреќата се случила во неделата попладне кога биле да гледаат за стан во кој планирале да живеат.

Најверојатно Ален престигнувал кола со голема брзина, а во истиот момент на нив налетало германско полициско комбе со тројца полицајци. Семејствата на загинатите не откриваат повеќе детали за случајот.

Верениците Ален Кучевиќ (24) од Препој и Медина Бјелак (22) од Белград, настрадаа во неделата попладне во тешка сообраќајна несреќа, кога на нив налета полициско комбе.

Таткото од Медина после сообраќајката се наоѓал во истата колона, но во тој момент тој не знаел што се случува. После неколку часовно чекање, тој се вратил на споредниот пат. На нивните семејства за несреќата им е соопштено неколку часа подоцна.

Медина живеела во Германија. Со нејзиното семејство се доселиле кога таа имала 2 години. Нејзиниот татко работи со градежништво, а Ален се доселил во Германија пред 4 години.

Медина има брат и сестра, а Ален две сестри и еден брат. Медина требаше оваа година да заврши факултет за менаџмент и банкарство во Германија. Последен пат Медина и Ален ја посетиле Србија за Нова Година.

Оваа недела таа требало да замине за Србија да ги среди последните подготовки за свадбата. Таа живеела во местото Мерселеден кај Франкфурт заедно со нејзиното семејство, а Ален во Валдорф, 6 километри оддалечено од тоа место.

Тие ќе бидат погребани во Србија, но нивните семејства се уште не ги знаат деталите за погребот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...