Претседателот на САД дециден дека Израел и Палестина со арапскиот свет позади себе мора да постигнат траен договор

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 15:14

Трамп: “Ако нема договор премиерот на Израел ќе се вика Мухaмед”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со кралот на Јордан изјавил дека Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед ако нема решение за палестинско израелскиот конфликт.

Израелско – Палестинскиот конфликт е составен од политички тензии и воени конфликти меѓу Израел и арапските земји. Во основа арапските земји тврдат дека Израел е држава од 1948-ма година и дека е окупирана Палестина а израелците тврдат дека тое е татковина на нивните предци.

Израелскиот телевизиски канал 10 денеска објави дека Трамп тоа го изјавил во шеговит тон во Белата куќа во јуни при посетата на јорданскиот крал откако кралот Абдула рекол дека многу млади Палестинци сакаат “една држава со еднакви права”.

Телевизијата наведува дека Трамп му рекол на кралот Абдула дека ако не дојде до договор меѓу Палестинците и Израелците за неколку години Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед.

Канал 10 соопшти дека изјавата е потврдена од израелски и поранешни американски официјални лица кои присуствувале на состанокот како и јорданската амбасада во САД.

Израелско Палестинскиот конфлит прерасна низ годините во Израелско Арапски конфликт кој однесе многу животи и чиј што крај не е на повидок особено по смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат [1929 – 2004] кој беше на чекор да постигне договор со Израел за независна држава Палестина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.