Патниците од Косово навистина го нарушија имиџот на нашата земја. Во првиот лет од 24-те позитивни, само двајца беа македонски граѓани, останатите беа со косовски и со фински пасоши.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2020 12:39

ТРАНЗИТ ПЦР ТЕСТОВИ ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД КОСОВО: Комисијата за заразни болести со ваков предлог до Владата за да не се нарушува имиџот на Македонија во Европа

Фото/Текст извор: ©faktor

На денешниот состанок членовите на Комисијата за заразни болести, донесоа одлука Македонија да воведе задолжителен ПЦР тест за сите патници од Косово кои трензитираат, откако од аеродромот во Скопје во неколку авиони кои полетаа кон Финска дел од косовските граѓани беа позитивни на корона вирусот.

Патниците од Косово навистина го нарушија имиџот на нашата земја. Во првиот лет од 24-те позитивни, само двајца беа македонски граѓани, останатите беа со косовски и со фински пасоши.

Но знаете како е, секогаш се гледа од каде доаѓа авионот, затоа одлучивме секој граѓанин од Косово кој планира заминување од аеродромот во Скопје да мора да поседува негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, вели во изјава за Фактор, епидемиологот д-р. Сашо Стојанов, член на Комисијата зазаразни болести.

Д-р. Стојанов истакнува дека и не е во прашање само нарушувањето на имиџот на Македонија во Европа, туку одлуката е донесена и заради тоа што епидемиолошката состојба во соседно Косово е исклучително лоша.

Истовремено, тој потенцира дека ода е само предлог што Комисијата за заразни болести го достави во Владата, но крајниот збор ќе го даде Кризниот владин штаб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.