Во престрелка на станицата од лондонската подземна железница "Кингсбери" ранети се три лица пренесува електронското издание на весникот "The Sun"

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 5:56

Тројца ранети во пукање во Лондон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во кусата информација се наведува дека полицијата и службата за итна медицинска помош примиле повици околу 21:45 часот во понеделникот ноќта по локално време и биле известени за пукање во “Кингсбери” потврдил полицискиот портпарол.

Додал дека споменатата станица од подземната железница и сообраќајниците кои водат кон областа во моментот се блокирани и оти е започната истрага.

Засега нема информации за состојбата на ранетите. Се додава дека исто така засега нема приведени во врска со инцидентот.

Во малку подоцнежна изјава од Скотланд Јард велат дека престрелката не се третира како терористички чин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.