четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Блок е во посета на Турција со цел да ги смири односите, особено по минатогодишниот скандал, кога Холандија не дозволи авионот на Чавушоглу да слета во земјата

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 7:28

Турција повикана да работи на заживување на преговорите за членство во ЕУ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Преговорите за членство на Турција во ЕУ се во застој и Анкара мора да преземе чекори кои ќе продонесат за напредок и за заживување на преговарачкиот процес, изјави холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок.

Блок, кој престојува во посета на Анкара, порача дека турските власти мора да се зафатат со решавање на постоечките проблеми, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и почитувањето на човековите права.

На заедничка прес-конференција со неговиот турски колега Мављут Чавушоглу, Блок се осврна и на економските проблеми со кои се соочува Турција, пред се со падот на вреднсота на лирата и растот на инфалцијата, посочувајќи дека и покрај предизвиците во економијата со кои се соочува, земјата имаа огромни потенцијали за раст.

Посетата на Блок на Анкара доаѓа откако во јули Турција и Холандија се договорија за надминување на тензиите и за нормализација на дипломатските односи, по што минатиот месец девет земји разменија и амбасадори.

Кризата во односите меѓу Анкара и Хаг почна во март 2017 година, кога холандските власти не му дозволија на авионот на Чавушоглу да слета во Холандија, каде требаше да говори на митинг пред турските гласачи во Ротердам, во пресрет на референдумот за уставните измени.

Тензиите дополнително ескалираа отакако холандските власти од земјата ја протераа турската министерка за семејство и социјална полиитка Фатма Бетул Сајан Каја, која требаше да одржи предреферендумска средба со Турците во Ротердам. По протерувањето на министерката дојде до протести на локалните Турци во Ротердам, кои при тоа се судрија со полицијата.

Турција по ова побара извинување од Холандија, го повлече својот амбасадор од Хаг и не му дозволи враќање во Анкара на холандскиот амбасадор, кој во тоа време не беше во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.