Како што објави порталот апсењето на двајцата опозициски функционери, е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јуни, 2019 10:22

Уапсени и опозициските функционери Дејан Митревски и Димитар Димовски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото ДОСИЕ.МК

Во големата полициска акција која е спроведена утринава, уапсени се  Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општиснкиот Комитет во Аеродром, дознава Скопје1.мк .

Полицијата денеска во голема акција уапси десет функционери а по едно лице се уште се трага

Како што објави порталот апсењето на двајцата опозициски функционери, е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.

Порталот КУРИР побара детали од МВР за спроведената полициска акција, од каде изјавија дека меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес 

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес . Во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали“.

извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.