Во куќата во која што живее Ј.А во Валенсија, упаднале специјалци со цела опрема и во сефот пронашле 24.000 евра.

Објавил: Перо Милчин | 28 февруари, 2019 20:59

Уапсена Србинка како главен НАРКО-БОС во Шпанија. Плантажите и ги чувале Срби со оружје

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Србинка уапсена во Шпанија, за сомневање на продажба на тешки дроги. Откриено е дека државјанка од Србија имала најмалку 2 плантажи со марихуана кои ги чувала за извоз. Обвинета е дека вработувала луѓе од Србија, кои ден и ноќ ги чувале засадените билки. 

Србинката Ј.А (30) уапсена е во близина на Валенсија, поради сомневање дека е организатор на криминалната група, која во Шпанија произведувала дрога и извезувала на тржиштето во Холандија и Данска. 

Како што изјавила шпанската полиција, со Ј.А се уапсени и 13 Срби кои работеле на нејзините плантажи, на одгледувањето на марихуаната.

Големи плантажи со дрога или околу 3000 билки во различни фази од растот откриени во Шпанскиот град Валенсија. 

Уапсените се главно српски државјани, а на две плантажи откриени се 3.000 билки во различни фази на растот, како и околу 200 килограми марихуана која била исушена и спремна за продажба, соопшти шпанската полиција.

Во куќата во која што живее Ј.А во Валенсија, влегле специјалци со цела опрема и во сефот пронашле 24.000 евра. 

Откриено е дека членовите на бандата изнајмувале куќи или фарми, а мозокот на операцијата била Ј.А која имала и фиктивна фирма за продажба на овошје и зеленчук.

Таа вработувала луѓе од Србија, но и меѓу уапсените биле и Бугари и Шпанци, кои веќе имале досиеја во полицијата.

Интересно е дека секоја плантажа имала и двајца стражари, Бугари и Срби, наоружани со пиштоли, изјавија шпанските медиуми.
Марихуаната ја чувале 24 часа на ден, а некои од припадниците на групата спиеле на плантажата, за да водат грижа за засадените билки.

Уапсените кои работеле за Ј.А, користеле и хемиски средства на кои се забрзува цветањето на марихуаната, и со самото тоа се наголемувало и  производството. Дрогата ја спремала за продажба, а ја извозиле за Данска и Холандија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести