Најавувам дека во моментот течат две акции на заплена на поголема количина дрога во Ресен и Струмица.

Ова ја покажува решителноста на ова раководство на МВР во сузбивањето на недозволената трговија со дрога. Добрата стратешка поставеност на министерството донесе солидни резултати, а државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици.

Објавил: Перо Милчин | 8 февруари, 2022 20:29

Голема полициска акција вечерва во Ресен и Струмица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Големи акции на полицијата за заплена на дрога се во тек вечерва во Струмица и Ресен.

Акциите ги потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју пред малку за Македонската телевизија.

По завршување на акциите се чекаат детални информации од МВР за запленетите количини дрога. Според нашите информации, станува збор за два посебни случаи на голема заплена на марихуана.

Најавувам дека во моментот течат две акции на заплена на поголема количина дрога во Ресен и Струмица.

Ова ја покажува решителноста на ова раководство на МВР во сузбивањето на недозволената трговија со дрога. Добрата стратешка поставеност на министерството донесе солидни резултати, а државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.