Во неговиот дом биле пронајдени и запленети повеќе видови непознати растителни материи

Објавил: admin@magazin | 2 јуни, 2018 12:55

Уапсен скопски дилер

Фото/Текст извор: ©Мвр

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство- Скопје против 26-годишниот М.К. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“,предвидено и казниво по чл. 215 од Кривичниот законик на РМ.

Имено на 30.05.2018 година, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, извршен бил претрес во домот кај осомничениот при што пронајдени биле: една црна пластична тегла во која има: една поголема полиетиленска паковка со непозната растителна материја, шест помали полиетиленски паковки со непозната растителна материја; 33 растенија засадени во мали саксии; една полиетиленска кеса во која има девет поголеми пакувања со непозната растителна материја, како и неколку таблети розева боја во форма на срце, две дигитални ваги со остатоци од непозната материја и други предмети.

Пронајдените предметите со потврда биле одземени од М.К. и по наредба од Јавен обвинител биле доставени на вештачење во ОКТИВ во МВР на РМ. Истовремено во консултација со Јавен обвинител, М.К. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По извршеното вештачење на пронајдениот и одземениот доказен материјал било утврдено дека растителниот материјал од пакувањата со вкупна нето маса од 552,16 грама претставува марихуана, 33-те растенија припаѓаат на растителниот род Канабис, активната компонента од седумте таблети претставува 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), а на површината на двете дигитални ваги се констатирани остатоци од марихуана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија