четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Тие се одлучиле на ваков чекор откако им станало јасно дека ако не го сторат тоа, терасите ќе бидат урнати со полициска асистенција од ангажирани фирми, а сопствениците ќе треба да ги сносат трошоците. Активност за отстранување на платформата почнаа од кафетеријата Аквариус и дивопоставената тераса на кафетеријата Објектив.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2019 11:28

Угостителите во Охрид сами ќе ги уриваат своите дивоградби

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако почна акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид, сопствениците на угостителски објекти дивоградби вчера официјално побарале од Локалната самоуправа сами да ги урнат платформите крај езерскиот брег, пишува 24инфо.

Охрид мора да ги руши сите дивоградби за да биде под заштита на УНЕСКО

Тие се одлучиле на ваков чекор откако им станало јасно дека ако не го сторат тоа, терасите ќе бидат урнати со полициска асистенција од ангажирани фирми, а сопствениците ќе треба да ги сносат трошоците. Активност за отстранување на платформата почнаа од кафетеријата Аквариус и дивопоставената тераса на кафетеријата Објектив.

Инаку вчера Нефи Усеини, советникот на ДУИ на својот профил на „Фејсбук“  повика на протести против акцијата на Општина Охрид за уривање на дивоградбите, а потоа се предомисли и истакна дека некој го искористил неговиот профил.

Инаку пред една недела охридските градски власти започнаа со рушење на дивоградбите и донесоа одлука за ставање на крај на безаконието и рушење на сите дивоградби во заштитеното подрачје и околината на градот.

Инаку, во Охрид се регистрирани над 1000 дивоградби од кои дури 409 се во заштитеното подрачје. Поради ова, до општина Охрид беа испратени сериозни забелешки од УНЕСКО и постои реална закана градот, поради дивоградбите да го загуби својот статус во угледната организација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.