Военото складиште за муниција во кои беснее пожарот се протега на околу 682.6 хектари, од кои 402 хектари се техничка територија поради што се евакуирани над 10.000 лица

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 10:27

Украинa евакуира 10.000 лица по експлозија и пожар во магацин за муниција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во складиште за муниција во Черниговската област во Украина изминатата ноќ дојде до екплозија по која избувна пожар, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.

Во врска со експлозијата во арсеналот во реонот на селото Ичња, воведени се рестриктивни мерки. Првиот сигнал дошол од началникот на арсеналот во 03:30 часот.

Нема податоци за жртви.

Оперативна група на чело со началникот на Генералштабот пристигнала на местото на Инцидентот.

Државната служба за вонредни ситуации соопшти дека добила информации за пожар и експлозии на техничката територија на Шестиот арсенал на Министерството за одбрана во реонот на Ичња, Черниговска област, и е организирана евакуација на населението од зоната на можни оштетувања.

Од опасната зона со возила се евакуирани околу 10.000 лица, стои во официјалното соопштение.

Воздушниот простор е затворен за летови во радиус од 20 километри, а запрено е и движењето на железничкиот и патниот сообраќај.

Според информација на Службата, територијата на арсеналот е околу 682.6 хектари, од кои 402 хектари се техничка територија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.