Полицијата апелира до граѓаните на Република Македонија да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 22:04

Утре посебен сообраќаен режим поради 1-мај, Меѓународниот ден на трудот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

По повод празникот на трудот „1-ви Мај“, што ќе започне утре во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата.

Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека утрешниот марш е предвиден да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул. „ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје.

Сообраќајната полиција во текот на утрешниот ден ќе превеземе посебни мерки за режим на сообраќајот по наведените сообраќајниците во централното градско подрачје. Полицијата апелира до граѓаните на Република Македонија да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот. 

Меѓународен ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.
Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...