Во Македонија празникот не се одбележува политички наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2022 5:18

1- МАЈ ден на трудот: Денеска екскурзии во природа, во Македонија празникот не се обележува политички!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји.

И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден.

Први мајски празник на османлискиот период во Скопје, 1909 година. Меѓународен ден на трудот. Го празнуваа работничка класа и нивни приврзаници.

Во Македонија главно празникот не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа.

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

Од прославата на 1 мај во Куманово во 1909 година за која се смета дека е првата прослава на празникот во Куманово. Поголемиот дел од луѓето биле членови на Кумановската револуционерна организација, а меѓу нив има шивачки работници, чевларски работници, интелектуалец, млекар и др.

Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

1 мај е 121-иот ден во годината според григоријанскиот календар (122-и во престапна година). Остануваат 244 денови до крајот на годината.

Се соопштува за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла ѓубре во излетничките места како што се Парк – шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, Езеро Треска и кањонот Матка.

Предвидени се казни од 200 евра за непочитување на поставените правила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.