Сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ еден од главните адути на српската СНС.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 6 март, 2020 14:09

ФАТАЛНА ЦРНКА ВДОВИЦА: Е новиот адут на српското СНС

Фото/Текст извор: ©espreso.rs

Сопругата на убиениот политичар – Оливер Ивановиќ, – Милена Поповиќ се најде на 55 место од изборната листа на Српската Напредна Партија кој е подготвувана во пресрет на новите парламентарни избори. Некои од политичарите при Српската Напредна Партија (СНС) ги изгубиле своите места на изборните листи, а на нивно место се донесени нови луѓе кои претставуваат освежување на изборната листа.

Меѓу нив може да се најдат многу музичари, глумци, познати уметници и професионалци во својата област, но и подмладокот на партијата како на пример: Ивана Поповиќ, Ѓорѓе Тодоровиќ, Стефан Србљановиќ, Оља Петровиќ и др.  

На изненадување на многумина на изборните листи на Српската Напредна Партија се најде и сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ. Се шпекулира дека нејзината улога во партијата ќе биде да ја претставува заложбата на партијата во однос на прашањата кои се поврзани со српското население и српското културно наследство на Косово.

На изненадување на многумина на изборните листи на Српската Напредна Партија се најде и сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ. Се шпекулира дека нејзината улога во партијата ќе биде да ја претставува заложбата на партијата во однос на прашањата кои се поврзани со српското население и српското културно наследство на Косово.

Оливер Ивановиќ во српската политика е познат како лидер на косовските Срби. Својата политичка кариера и политички ангажман го има вложено токму во борба за правата на Србите на Косово. Против него се водеа правни спорови и беше обвинет за воени злосторства над цивили за време 1999-2000 година на Косово. Сепак поради недостаток на материјални докази, судот го ослобови Ивановиќ од одговорност. Откако во 2015 година бил пуштен на слобода поради недостаток на докази кои го поткрепуваат обвинението за делото кое се теретел, политички притисок му бил извршен повторно во 2017 година кога повторно бил обвинет за дело поврзано со воени злосторства. Тогаш му била одредена мерка – домашен притвор. За време на траење на судскиот процес, обвинителството не успеало да набави докази, поради што истата година е пуштен да се брани од слобода.

Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2019 година пред вратата на својата канцеларија во раните утрински часови. Атентаторите го пречекале Оливер Ивановиќ во заседа и во него испукале неколку куршуми по што тој починал на лице место.

По неговото убиство беше погребан во Белград со одавање на посебни почести. По убијците на Оливер Ивановиќ сеуште трага косвоската полиција и обвинителството. Одлуката на неговата сопруга да се бави со политика ја поздавија многу српски граѓани според кои нејзината улога ќе биде да го продолжи делото на нејзиниот сопруг и да се бори за правата на Србите на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија


По овие најави веднаш почнаа градоначалници од редовите на Српската напредна партија да поднесуваат оставки. Тоа денес го направи и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека посветено и посветено ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка на довербата на граѓаните, соопшти градската управа.

„Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на белградско ниво“, изјави Шапиќ.

Овие најави доаѓаат по трагичните настани на северот на Косово, убиството на еден косовски полицаец и елиминацијата четворица луѓе од бунтовничката српска група. Јосип Јуратовиќ, шеф на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, во интервју за „Данас“ рече дека „прогласувањето ден на жалост за делата извршени од страна на паравоените структури од страна на Србите во Косово предизвика огромно згрозување не само во регионот, туку и во целиот свет. Дотолку повеќе што српските институции со прогласувањето на загинатите членови на паравоена организација ги поттикнуваат младите да направат сличен чин бидејќи тоа го гледаат како херојство. Овие убиени млади момци не се херои, туку жртви на неуспешните политики изградени врз лажни митови, кои триесет години ја прикажуваат Србија како недоверлив партнер“.

Тој оценува зошто дојде до оружената пресметка во селото Бањска.

„Очигледно е дека кој и да стои зад тој обид за неуспешен бунт на Србите во Косово, дека Вучиќ долгорочно ја создаде климата и беше само прашање кога ќе се случи нешто слично. Концентрацијата на моќ акумулирана од Александар Вучиќ дојде за наплата, бидејќи тој ја изгуби контролата врз целиот режим што самиот го создаде и стана жртва на сопствените амбиции“, вели Јосип Јуратовиќ.

Србија оди на избори на 17 декември

Шефот на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ, изјави...

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...