Денеска во нашата земја се регистрирани нови 153 заболени од коронавирус. Починаа 6 лица, а Институтот за јавно здравје регистрираше 75 оздравени пациенти....

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2020 16:34

Филипче: Во моментов се соочуваме со бран на вирусот посилен од првиот!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека нашата земја во моментов  е соочена со бран на вирусот посилен од првиот.

Венко Филипче посочи дека оваа бројка на новозаболени се должи на олабавување на рестриктивните мерки, но и една серија настани, семејни собири и прослави на кои не се почитуваа препорачаните мерки за носење маска, дистанца, дезинфекција и често миење на рацете.

Денеска во нашата земја се регистрирани нови 153 заболени од коронавирус. Починаа 6 лица, а Институтот за јавно здравје регистрираше 75 оздравени пациенти….

Многу пати досега ја упатувам пораката до граѓаните дека ова се универзални мерки насекаде во светот и во моментот единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите, секако и здравствените работници, но и здравствениот систем во целост.

Според она што го изјави Венко Филипче,  нашиот здравствен систем во овој момент е целосно прилагоден кон новата состојба.

– Но, тоа што е најважно е поддршката од граѓаните, целосното почитување на мерките и солидарноста. Ако ова го имаме многубрзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост постепено се враќаме кон редовните животни активности повеќе од кога било е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширење на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен, посочи Филипче на прес-конференцијата.

Тој потенцира дека одржале состаноци со Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и неколку јавни здрвствени установи, со лабораториите каде се врши дијагноза на вирусот, на кои разговарале за следните чекори кои би биле превземени за справување со епидемијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.