ВИДЕО

Објавил: Калина Мартинска | 18 април, 2024 13:43

Филипче: Секогаш ќе работам со пациенти, но како пратеник мојата цел ќе добие национални димензии

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ексминистерот за здравство и носител на пратеничката листа во Изборната единица 4 на СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“, Венко Филипче на својот фејсбук-профил објави видео во кое тој одговара зошто повторно се враќа во политиката, кога сите велат дека местото на докторите е во здравствениот систем и во операциона сала.

Смета дека како пратеник ќе може да помогне на поголем број луѓе, без разлика дали се тоа негови пациенти или негови колеги здравствени работници.

На видеото се гледа како Филипче додека одговара на прашањето, вози автомобил.

Ексминистерот вели секогаш ќе работи со пациенти и ќе оперира во операциона сала, како и дека тоа не престанал да го работи и кога бил министер за здравство.

„Тоа впрочем не престанав да го правам и кога бев министер за здравство, а нема да престанам да го правам и како пратеник“, тврди тој.

Предноста била што како пратеник ќе можел да помогне на многу поголем број на пациенти и на негови колеги здравствени работници.

„Човек со две раце и само 24 часа во денот може да помогне само на одреден број на луѓе. Како пратеник, преку креирање на закони, реформи и унапредување на здравствениот систем може да се помогне на многу поголем број на пациенти“, вели носителот на пратеничката листа во ИЕ 4 од СДСМ.

Според Филипче, неговата основна цел ќе добие национални димензии.

https://www.facebook.com/reel/412401158215636 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.