Доколку двете трки во Австрија се одржат без никакви проблеми, тогаш сезоната ќе може да продолжи во Унгарија.

Објавил: Владо Марин | 30 мај, 2020 22:38

Формула 1 доби датум за старт на сезоната во Австрија!

Фото/Текст извор: ©Спорт 1

Миниестерството за здравство на Австрија денеска даде дозвола за одржување на две трки во Формула 1 шампионатот во земјата на 5-ти и 12-ти јули со што и официјално ќе стартува новата сезона со три месеци задоцнување.

Трките ќе бидат одржани на патеката „Ред Бул ринг“ без присуство на публика и со запазување на сите мерки на претпазливост.

Тимовите ќе бидат лимитирани на само 80 лица на секоја трка.
Доколку двете трки во Австрија се одржат без никакви проблеми, тогаш сезоната ќе може да продолжи во Унгарија.

Формула 1 планира да одржи осум трки во Европа од периодот од 5.јули до 6.септември.

Доколку овој ревидиран календар се покаже како успешен, а условите дозволат да се одржуваат и други трки, тогаш челниците на Ф1 ќе направат нов календар на трките, надвор од „Стариот континент“.

Сезоната требаше да стартува во март во Австралија, но истата беше одложена поради пандемијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Формула

Уште од денот на несреќата, семејството ја крие состојбата на Шумахер, далеку од очите на јавноста, но сепак Тод е еден од ретките луѓе што сопругата на Шумахер, Корина дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. 

Конечно добра вест за состојбата на Михаел Шумахер

Добри вести пристигнаа за фановите на некогашниот број еден возач на Формула 1 Михаил...

Организаторите би се соочиле со проблеми поради опасност од коронавирусот заканувајќи се дека ќе ги откажат трките.

ХАМИЛТОН НОСИ МАСКА: Светскиот првак озбилно го свати КОРНА ВИРУСОТ(фото)

Новата сезона во Формула 1 започнува на 15 март со тркачка патека во Мелбурн. Организаторите...